Friday, September 13, 2024

ОСНОВНИ ХЕМИСКИ ЗАКОНИ (ТАБЕЛА)

 ОСНОВНИ ХЕМИСКИ ЗАКОНИ


Основни хемиски закони

Дефиниција


1. Закон за одржување (запазување) на масата


При секоја хемиска реакција во еден затворен систем, масата на реактантите мора да е еднаква на масата на продуктите. 

Масата не се зачувува целосно во отворените системи, кога различни видови на енергија влегуваат или излегуваат од системот

2. Закон за постојани масени односи - Пруст


Елементите меѓусебно се соединуваат во точно одредени и постојани масени односи кога даваат исто соединение.

Составот на хемиските соединенија е постојан без оглед на начинот на нивното добивање. Така на пример, водата во себе секогаш ќе содржи 8 маси на кислород на секоја маса на водород. (Ar(H)=1 g/mol, Ar(O)=16g/mol).

-Закон за повеќекратни масени односи - Далтон

Ако два елементи образуваат повеќе од едно соединение тогаш со определено количество од едниот елемент се сврзуваат количества од другиот елемент чии маси се во однос на мали цели броеви.

Пр. вода (водород:кислород = 1:8), водород пероксид водород:кислород =1:16)

3. Авогадров закон


При исти услови, температура-Т и притисок-Р, еднакви волумени-V,  на различни гасови содржат еднаков број молекули.

1 мол од било кој гас при 00С и 101 325 Ра секогаш зафаќа еднаков волумен, 22,4 dm3.

Thursday, September 12, 2024

ОСНОВНИ ХЕМИСКИ ЗАКОНИ

 Основни хемиски закони-наставно ливче

ОСНОВНИ ХЕМИСКИ ЗАКОНИ

1. Дополни ја табелата:

Основни хемиски закони

Дефиниција

 

1. Закон за одржување (запазување) на масата

 

 

 

2. Закон за постојани масени односи

 

-Закон за повеќекратни масени односи

 

 

 

3. Авогадров закон

 

 

 

2. Задача:

1. Напиши ги хемиските формули на соединенијата составени од:

а) водород и кислород во кој масениот однос на водород и кислород е приближно 1:8 (1:7,937)

б) водород и кислород во кој масениот однос на водород и кислород е приближно 1:16 (1:15,874)

в) каков е односот на масите на кислород што се сврзува со исто количество водород во двете соединенија? За кој хемиски закон станува збор?

 

2. Напиши ги:

а)  хемиските формули на соединенијата составени од азот и кислород  (азот може да биде од еден до пет валентен и гради пет оксиди.

 

б) определи  го масениот однос на азот и кислород во сите пет оксиди

 

в) каков е односот на масите на кислород што се сврзува со исто количество азот  во сите соединенија? За кој хемиски закон станува збор?


Réaction des oxydes

  Réaction des oxydes avec l’eau 1. Oxydes métalliques + eau → base (hydroxyde)  Réaction souvent basique Exemples : CaO + H₂O → Ca(OH)₂ Na₂...