ОСНОВНИ ХЕМИСКИ ЗАКОНИ
Основни хемиски закони | Дефиниција |
1. Закон за одржување (запазување) на масата | При секоја хемиска реакција во еден затворен систем, масата на реактантите мора да е еднаква на масата на продуктите. Масата не се зачувува целосно во отворените системи, кога различни видови на енергија влегуваат или излегуваат од системот |
2. Закон за постојани масени односи - Пруст | Елементите меѓусебно се соединуваат во точно одредени и постојани масени односи кога даваат исто соединение. Составот на хемиските соединенија е постојан без оглед на начинот на нивното добивање. Така на пример, водата во себе секогаш ќе содржи 8 маси на кислород на секоја маса на водород. (Ar(H)=1 g/mol, Ar(O)=16g/mol). |
-Закон за повеќекратни масени односи - Далтон | Ако два елементи образуваат повеќе од едно соединение тогаш со определено количество од едниот елемент се сврзуваат количества од другиот елемент чии маси се во однос на мали цели броеви. Пр. вода (водород:кислород = 1:8), водород пероксид водород:кислород =1:16) |
3. Авогадров закон | При исти услови, температура-Т и притисок-Р, еднакви волумени-V, на различни гасови содржат еднаков број молекули. 1 мол од било кој гас при 00С и 101 325 Ра секогаш зафаќа еднаков волумен, 22,4 dm3. |
No comments:
Post a Comment